еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните ќе можат да вадат лични документи без закажување, во нов објект

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави отворање простор со дополнителни работни позиции во Скопје каде што граѓаните ќе можат да дојдат по нови документи и без закажан термин.

-Ние веќе подготвуваме еден посебен простор во Градот Скопје со инсталирање нови работни позиции, нови работни станици, на кои граѓаните ќе можат да извршат дактилоскопирање, сликање итн. за новите лични документи.

Веќе во наредните денови ќе бидеме подготвени и ќе можеме да ги отвориме новите позиции во кои граѓаните ќе можат дури и без најава да дојдат и да ги менуваат своите документи, обелодени Спасовски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

На прашањето зошто МВР не почнало со издавање лични документи со новото уставно име веднаш или наскоро по потпишувањето на Преспанскиот договор, Спасовски рече дека усогласувањето со уставните измени и законот за јазици барале подготовка.

-Никој не ги направил пасошите со новото уставно име или со примена на законот за јазици за да може Република Северна Македонија сега да оди во некој ’драгстор’ или во трафика да ги купи и веднаш од утредента да почне.

За тоа требаше да заврши период во кој стапува на сила законот, ратификации итн., па да се отпочне постапка во која софтверски и хардверски ќе се подготви, па да се нарачаат обрасци, па тие обрасци да бидат изработени, да дојдат и да стартуваме од 1 јули, кажа Спасовски.

На прашањето дали е фер, дури и да имало објективни околности, граѓаните да ја плаќаат цената, Спасовски одговори дека така кажуваат правните документи, меѓународните договори и домашните законски измени.

-Тоа не е секогаш на две години. Моментално, таква е состојбата во којашто ние правиме промена поради уставните измени и тоа е факт од кој никој не може да избега, рече Спасовски, додавајќи дека се шпекулации и невистини тврдењата дека некој може да биде казнет ако до истекот на рокот не извади нови документи.

Според министерот, досега личните документи ги смениле над еден милион граѓани и тој е задоволен од динамиката на овој процес. Вели дека 80 отсто од граѓаните од внатрешноста на земјата веќе си ги замениле личните документи за разлика од скопјани.

-Факт е дека околу 70 проценти од закажаните термини што ги имаат граѓаните на телефонскиот број ги откажуваат, не се појавуваат на тие термини, па презакажуваат нови термини, што создава одлагање на целиот процес, кажа Спасовски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неопходно е да се донесат уставните измени, чекањето не е добро ниту за ЕУ, ниту за Македонија, порача од Собранието словенечката претседателка

Редакција

(Фото) Порака на снег од татко до син, кој е во болница, хит на социјалните мрежи во регионов

Редакција

Убава вест: Негативни на корона вирусот сите 184 теста направени вчера во градинките

Редакција