еМагазин
Image default
Македонија

Град Скопје со одговор до Јакимовски: Исклучиво сме надлежни за носење ГУП, постапките за ДУП ги носи Општина Карпош

Градот Скопје не учествувал во постапката за поништување на претходниот урбанистички план во Општина Карпош, за да преземе каква било одговорност за каква било штета настаната поради суспензија на претходен урбанистички план, ниту учествувал во постапката за продажба на земјиштето, соопшти денеска прес-службата на Град Скопје.

-Градоначалникот на Карпош наместо вината да ја бара во неговиот претходник, се обидува да изврши медиумски и институционален притисок врз градот, за позитивно мислење на одреден урбанистички план, се наведува во соопштението.

Се додава дека Градот Скопје е исклучиво надлежен за носење на Генерален урбанистички план, а во постапките за Детален урбанистички план единствено дава мислење по однос на истиот, покрај останатите институции како што се Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за катастар на недвижности и други, а најважно, конечен носител на било кој ДУП е Советот на Општина Карпош.

-Како Град Скопје, ги имаме предвид барањата и потребите на жителите на Скопје и во ниту еден случај нема да дозволиме да се постапи спротивно на интересите на скопјани, се нагласува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски со видео-обраќање до Арсовска, не можел да стапи во контакт со неа: 45 дена го молам Градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, ќе не тужат за 15 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 231 болни од Ковид-19

Редакција

Министерката Петровска се уште не добила одговор за иницијативата за споменици на бранителите кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила

Редакција

Зголемување од 22,2%: За една недела 5.456 нови случаи на Ковид-19

Редакција