еМагазин
Image default
Бизнис

Град Скопје за шест месеци има приходи и други приливи од 3,1 милијарди денари

Во првото полугодие од 2021 година, Град Скопје остварил вкупни приходи и други приливи во износ од 3.153.123.761 милијарди денари, што претставува остварување од 43,7 проценти во однос на планираното, додека остварувањето на приходите и приливите во вкупниот буџет на Град Скопје со вториот квартал од 2021 бележи позитивна динамика на пораст, информираат од Град Скопје.

Споредено со истиот период од 2020 година, остварените приходи и приливи со вториот квартал од 2021 се поголеми за 17,8 проценти.

Во структурата на приходите на Град Скопје во првата половина на 2021 година најголем удел имаат даночните приходи (42,6%), трансфери и донации (41%), капитални приходи (4,7%), домашно задолжување (7,8%) и неданочни приходи (3,8%).

Вкупните расходи и други одливи во буџетот на Град Скопје за 2021 година, во првото полугодие се во износ од 2.7 милијарди денари, што претставува извршување од 37,7 проценти од планираното за 2020 година.

Споредено со извршувањето на расходите во истиот период од 2020 година, извршените расходи за првото полугодие од 2021 година бележат зголемување од 9,7 отсто.

Зголемувањето е забележано кај Буџет на дотации и Буџет на самофинансирачки активности, додека кај другите буџети има намалување на расходите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основната каматна стапка 2,75 проценти, НБРМ ја намали за 0,25 проценти

Редакција

Билјана Тодоровска именувана за нов член на Одборот на директори на „Сковин“

Редакција

Ѓорѓи Јованов купи 200 акции од „Алкалоид“

Редакција