еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалничката на Арачиново, Халими го осуди нападот врз екипата на ТВ21 и побара расветлување на случајот

Градоначалничката на Арачиново, Милкие Халими го осуди нападот врз екипата на ТВ 21, кој беше извршен на територијата на општината, откако новинарите снимале граѓани, кои се жалеле на лошата инфраструктура во селото. Таа побара целосно расветлување на случајот, а нејзината реакција е содржана во дописот што го испратила до ЗНМ.

-Најостро го осудувам чинот што се случи во просториите на општината. Како прв човек на локалната самоуправа лично ќе се заложам вакви настани веќе никогаш да не се повторат. Слободата на говор, на јавно информирање и непречена работа на медиумите се неприкосновени и цврсто стојам зад тие вредности кои што се и уставно загарантирани. Очекувам и ги повикувам, надлежните институции во најкус можен рок да го расчистат настанот и соодветно да бидат санкционирани“, вели градоначалничката во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Роднини на градоначалничката на Арачиново и се заканувале на екипата на ТВ21, ЗНМ го осуди инцидентот

Фото: Халими/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица поднесе кривична пријава за „кражба на струја“ во Арачиново

Редакција

Тетово го достигна пикот, не треба да се претерува со дополнителни мерки, смета заменик-министерот за здравство

Редакција

Здравствениот систем нема да се соочи со недостиг на струја и парно, уверува Сали

Редакција