еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Градоначалниците на Атина и Загреб испратија заедничка порака против насилството и хулиганството

Слепото насилство и крвта немаат место на нашите стадиони, во нашите градови, во нашето општество, порачуваат во заедничката изјава градоначалниците на Атина и Загреб, Костас Бакојанис и Томислав Томашевиќ, во која испраќаат порака против насилството по бруталното убиство на 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, јави дописничката на МИА од Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) По повеќе прободи со нож, хрватските хулигани продолжиле да го тепаат и газат убиениот навивач на АЕК

Двајцата градоначалници го осудуваат „бруталното злосторство кое доведе до губење на животот на еден млад човек и тажната епизода на хулиганство што ги загрози животите на невините граѓани и деца“.

-Насилството нема националност. Неговата единствена татковина е омразата. Се надеваме дека сторителите што поскоро ќе бидат пронајдени и казнети како пример за никогаш повеќе да не бидеме сведоци на вакви трагични настани. Во овие моменти не постојат вистински зборови, пишуваат Бакојанис и Томашевиќ и упатуваат искрено сочувство до семејството на жртвата.

Паралелно истакнуваат дека Атина и Загреб имаат пријателски односи на кои тие како градоначалници се посветени дополнително да ги зајакнат и додаваат дека „соработката нема да биде нарушена од насилството на поединци“.

Градоначалникот на Загреб преку неговиот Фејсбук профил соопшти дека вчера испратил писмо со сочувство до Бакојанис, истакнал дека е шокиран од случувањата и во име на градот изразил сочувство до сите граѓани на Атина.

Малку подоцна, Томашевиќ и телефонски разговарал со Бакојанис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој го уби навивачот на АЕК, Грците велат хрватски, Хрватите грчки навивач

Најмалку 50 хрватски хулигани успеале да побегнат, зголемени контролите на сите излезени точки од Грција

МИА/Фото: Фејсбук/Михалис Кацурис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопскиот аеродром ја прими наградата за квалитет на аеродромските услуги за 2022

Редакција

Колку е богат техничкиот премиер, а колку министерот Оливер Спасовски

Редакција

„Членка на НАТО преговара со едно село да плати струја“: Твитер реакции за Арачиново

Редакција