еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Народе македонски“ во изведба на Сузана Спасовска, уште една нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

„Народе македонски” е една од оние песни кои во себе носат моќна порака, но и голема вистина за трагичното минато на нашиот народ. Создадена е во спомен на масакрите во 1903 и 1905 година во костурското село Загоричани што биле извршени врз месното цивилно население од страна на Турците и Грците.

Убиени биле повеќе од 200 загоричани, а селото било целосно уништено. Верзијата што во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“ ја спакува Николче Мицевски, а ја отпеа златно грло Сузана Спасовска е всушност правена според снимката во изведба на Симеон Гугуловски.

Песната „Народе македонски“ во досегашните изведби може да се најде во две верзии. Оваа верзија е обновена според снимката на Симеон Гугуловски, која познатиот македонски тенор, првенец на Македонската опера ја пееше во 1989 година. Ја одбравме, бидејќи песната има голема порака за овој народ кој е сардисан од сите страни.

Дава поттик за будење и осознавање во едно време – невреме и желба со сите сили да се зачува родното огниште, изворот. Песната вели дека слободата на човекот и правдината што ја бара сѐ она што е поважно од сите пари и богатства на овој свет. Со аранжманското видување се доближува до младата генерација, која во последно време со полно срце ги прифаќа старите македонски песни и ги пее во сите прилики, за што посебно се радувам.

„Задоволството е големо да се биде дел од овој проект со преубави песни со патриотска тематика, кои национално ќе го разбудат овој спокоен и мирен народ, чијашто добрина ја користат сите, но не знаејќи го најважното, дека со пиреј тешко се излегува на крај“, вели Спасовска.

Видеото за „Народе македонски“ во изведба на Сузана Спасовска е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“ и во чии рамки се препеани 12 македонски песни, во изведба на 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика.

Меѓу изведувачите кои публиката уште треба да ги слушне и види се ДНК, Андријана Јаневска и Зуица Лазова.

Уживајте во изведбата на Сузана Спасовска и очекувајте го стартот на концертниот караван кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови – Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Заветна“ уште една нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, во изведба на Бојана Скендеровски

(Видео) „Едно име имаме“ во изведба на Александар Тарабунов, нова нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

(Видео) „Ој, Вардаре македонски“ во изведба на Марија Спасовска шеста нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црвенковски: ЕУ нема јасен план што со себе, нема простор за надеж за забрзана евроинтеграција

Редакција

Договорот со Фронтекс останува непотпишан поради непризнавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија

Редакција

(ВИДЕО) Кој сакаше да го убие Киро Глигоров

Редакција