еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Едно име имаме“ во изведба на Александар Тарабунов, нова нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

„Едно име имаме“ во изведба на Александар Тарабунов, е новата нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, оригинално отпеана од легендата на македонската фолк музика – Јонче Христовски.

„Едно име имаме“ ја пеам одамна и ми е многу драга песна, ми буди убаво чувство за Македонија и горд сум што ја препеав и имам можност да ѝ ја претставам на публиката во едно ново руво“, вели Тарабунов и се присетува на една убава случка поврзана токму со македонската фолк легенда: „Одамна ми беше голема желба да препеам некоја од безвременските песни на Јонче Христовски, бидејќи беа големи другари со татко ми.

Се сеќавам дека кога бев мал на еден мој роденден Јонче ми подари цела ќеса џамлии „црнки“ коишто во тоа време беа највредните. Со роденденскиот подарок излегов во маало да играм со другарите и поголемите ме намирисаа и ми ги ќарија сите џамлии. Кога се вратив дома татко ми ме праша каде ми се џамлиите од Јонче, е а кога дозна каде се отиде на врата да им ги бара ха, ха, ха…“.

Видеото за „Едно име имаме“ е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“, а во чии рамки се препеани 12 македонски легендарни песни, во изведба на 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика.

Меѓу изведувачите кои публиката уште треба да ги слушне и види се и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска и Зуица Лазова.

Кон крајот на летото ќе стартува и концертниот караван под истото име „Македонијо во срце те носиме“ и ќе гостува во неколку македонски градови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Ој, Вардаре македонски“ во изведба на Марија Спасовска шеста нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“

(Видео) Четврта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Море сокол пие“ во изведба на Мина Блажев

(Видео) Трета нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Налеј, налеј“ во изведба на Миле Кузмановски

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспекторатот за употреба на јазиците вработува седум лица, плата до 32.868 денари

Редакција

Од Ковид-19 починале 10 лица, меѓу нив и 32-годишник, дополнително пријавени уште четири

Редакција

Убава вест: Оздравени 143 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција