еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Трета нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Налеј, налеј“ во изведба на Миле Кузмановски

„Налеј, налеј“ е песна која често и со огромно задоволство ја изведувам на моите настапи. Верувам дека преку овој проект ќе успееме убавата македонска песна да ја доближиме до младите луѓе.

„Налеј, налеј“ се пее со многу емоции и без нив нема успешна изведба, јас песната ја сакам и ја чувствувам, и верувам дека и публиката ќе го препознае тоа“, вели Миле Кузмановски, кој е дел од музичките имиња вклучени во проектот „Македонијо во срце те носиме“, а чија изведба е всушност третата по ред нумера што јавноста добива можност да ја чуе.

„Налеј, налеј“ е македонска народна песна, чии стихови според достапните податоци се напишани во далечната 1903 година и посветени на љубовта на гемиџиите, а за која овојпат аранжманот го потпишува Николче Мицевски.

Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот, кој ги содржи некои од најубавите македонски патритоски песни, стои Скендеровски продукција. 

„Македонијо во срце те носиме“ содржи 12 нумери отпеани од 12 изведувачи – меѓу кои освен Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, чии изведби публиката веќе имаше можност да ги чуе, јавноста уште ќе ги чуе и види и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска и Зуица Лазова.

На списокот нумери кои имаат за цел убавата македонска песна да ја доближат до помладите генерации се и „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“ …

Како дел од проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Втора нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Земјо македонска“ во изведба на Огнен Здравковски

(Видео) Ламбе Алабаковски со „Оган да го гори“, прва песна од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Институт за демократија: Не е само внесувањето на Бугарите во Уставот, има и други услови од Софија

Редакција

Затекнати како подготвуваат храна од заклани коњи: Приведени и кривична за директорот и пет вработени во Зоолошката во Скопје

Редакција

(Фото) Шилегов ја пречека со цвеќе: Данела Арсовска официјално ја презеде градоначалничката функција на Град Скопје

Редакција