еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Четврта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Море сокол пие“ во изведба на Мина Блажев

Четвртата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“ е „Море сокол пие“ во изведба на младата и талентирана Мина Блажев, која вели дека е пресреќна што со својата изведба ќе придонесе за зачувување на нашето културно богатство.  

Ми претставува огромна чест и благодарна сум што сум дел од овој прекрасен проект, како и што со мојата изведба ќе придонесам за зачувување и негување на нашите македонски патриотски песни и културното богатство.

Многу сум среќна што се споивме 12 одлични изведувачи и што заедно со целиот тим имаме една заедничка мисија, а тоа е на нашите македонски песни да им го продолжиме векот и да ги доближиме до новите генерации.

Чувствувам огромна одговорност што во овој проект ќе се претставам со песната Море сокол пие“, која е една од моите омилени македонски песни и која на секое слушање буди посебни чувства во мене.

Токму затоа и сакав оваа прекрасна македонска народна песна да ја слушнете во една поинаква верзија, полна со емоции и со еден посебен, мој личен печат. Со целиот тим сакаме да допреме до новите генерации, но, секако, во убавата песна да уживаат и постарите.

Верувајте дека сите навистина се вложивме максимално во творењето на оваа верзија и сигурна сум дека по слушањето на истата и вие ќе го почувствувате тоа! Сигурна сум дека со овој проект ќе придонесеме за обединување на нашиот народ со вистината која ја носат овие патриотски песни и ќе успееме да ги оствариме и останатите цели на овој прекрасен проект!“, вели Мина уште еднаш порачувајќи сите да слушаме македонска музика и да си ги почитуваме и негуваме корените од каде што потекнуваме.

„Море сокол пие“ е македонска народна песна за која постојат неколку верзии, а се претпоставува дека првата снимка е направена врз основа на онаа најстарата датирана од 1837 година.

Последната верзија, пак, во изведба на Мина Блажев е со потписот на Николче Мицевски, кој е автор на аранжманите на целиот проект составен од 12 нумери во изведба на 12 изведувачи, и од светот на фолкот и од светот на забавната музика. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот се потпишува Скендеровски продукција.

Дел од „Македонијо во срце те носиме“ освен Мина Блажев, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, чии изведби публиката веќе имаше можност да ги чуе, се и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова.

Публиката ќе има можност сите 12 песни да ги чуе и во живо, бидејќи како дел од проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трета нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Налеј, налеј“ во изведба на Миле Кузмановски

(Видео) Втора нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Земјо македонска“ во изведба на Огнен Здравковски

(Видео) Ламбе Алабаковски со „Оган да го гори“, прва песна од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возило виси на карпа на Галичица, патниците се неповредени

Редакција

(Видео) Трагедија во Хрватска: Во автобуска несреќа загинаа најмалку 12 полски државјани

Редакција

Андреја Јосифовски купи акции на Макпетрол

Редакција