еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Возило виси на карпа на Галичица, патниците се неповредени

Патничко возило „фолксваген“ излетало од главниот пат кај националниот парк Галичица. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), возлиото виси на карпа, но луѓето во него се неповредени. Пријавата за возилото била добиена на бројот 112.

-Возило е излетано код главниот пат кај националниот парк Галичица на 10 минуи возење по наплатниот пункт, кај местото викано Коритски Рид. Патничкото возило е марка „фолксваген“ во црвена боја со регистерски ознаки 01645KH.

РЦУК Охрид извести дека за настанот запознаени се МВР СВР Охрид и тие испратиле патрола на тој дел, по што известиле дека лицата се наповредени, но возилото висело на некоја карпа, наведува ЦУК.

Известен е и Антонио Додевски од Планинската спасителна служба Охрид, кој на местото на настанот ќе направи увид.

МИА/Фото: eMagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што побараа пратениците на опозицијата кои гласаа „за“ промена на Уставот

Редакција

(Галерија) Поради високите цени, млади „окупираа“ супермаркет во Солун

Редакција

(Фото) Претседателот Пендаровски во Варшава одликуван со Орден на Белиот Орел, претседателот Дуда со Орден „8 Септември“

Редакција