еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Градоначалниците на Берлин, Мадрид и Виена разговарале со лажен Кличко, кој е градоначалник на Киев

Личност која звучи и личи на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко успеала да разговара со градоначалниците на Берлин, Мадрид и Виена, пишува „Гардијан“.

Градоначалничката на Берлин, Франциска Гифеј, имала однапред закажано видео интервју со личност за која изјавила дека изгледа и звучи како Кличко преку платформата Webex.

„Немаше знаци дека видеоповикот не бил одржан со вистинска личност“, се вели во соопштението од нејзината канцеларија.

Лицето на видеото, кое се претставувало како Кличко, ги повикало бегалците да се вратат во Украина и да се приклучат на војската.

По таа изјава, на градоначалничката на Берлин ѝ станало сомнително. Откако врската накратко била прекината, кабинетот на градоначалничката на Берлин контактирал со украинскиот амбасадор во Германија. Тој стапил во контакт со Киев и потврдил дека личноста во видеоповикот не е вистинскиот Кличко, објави Der Spiegel.

Фото: Фејсбук/Кличко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Задолжителниот воен рок се враќа во Европа

Редакција

19 деца болни од Ковид-19 се хоспитализирани во Козле, едно е на кислородна поддршка

Редакција

Од СЈО загрижени оти нема замена за Јанева и да не протечат прислушувани разговори

Редакција