Министерството за здравство информира дека во моментов, 885 деца на возраст до 17 години, се водат како активни случаи, а 15 се позитивни на Ковид-19.
„На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на кислород, а сите останати се со лесна клиничка слика.
Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано,“ се вели во соопштението.
Според податоците од националниот систем Мој Термин досега во земјата 5.800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за Ковид-19, а ревакцинирани се 4.860 малолетници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.