еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Градоначалниците Богоев и Петровска дале изјави во Обвинителство за случајот „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испитува лица за кои цени дека со даден исказ можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот кој се води против две лица за кривични дела – Примање награда за противзаконито влијание и Перење пари и други приноси од казниво дело, информираат од таму.

„Во текот на вчерашниот ден по телефонски повик од јавен обвинител, во обвинителството даде изјава градоначалникот на општина Карпош. Денеска  беше повикана и изјава даде градоначалничката на општина Битола. Во интерес на истрагата, обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави.

Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија.

Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител.

Почитувајќи ја транспарентноста во работењето, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе продолжи со информирање на јавноста за преземените дејствија секојпат кога ќе постојат законски можности и во обем кој не ја попречува истрагата“, соопштуваат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема датум за ЕУ во октомври без ново СЈО и борба против корупцијата и криминалот

Фокус: Случајот „Рекет“ добива меѓународна димензија, обвинител имал имот во Грција

„Катица вика дека била злоупотребена од Боки. Време е Боки да пропее„: Твитер реакции за пресот на Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин отворен за разговори за можно решение во Украина

Редакција

Врховен ги потврди казните на осудените за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

Анкетата на МКД.мк и Маркет вижн во милиметар го предвиде резултатот од претседателските избори

Редакција