еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на скопски Бутел позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски е позитивен на Ковид-19. Информацијата ја соопшти на неговиот Фејсбук профил.

„И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на Ковид-19 и истиот е позитивен.

Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.

Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“, напиша тој.

Фото: Фејсбук/Смилевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 42 пациенти, а вкупно се лекуваат 499

Редакција

Со изведување на докази од одбраната, продолжи судењето за случајот „Софтвери“

Редакција

(Видео) Во Карбинци пронајдени 15.500 стебла марихуана, вредни над 5 милиони евра

Редакција