еМагазин
Image default
Бизнис

Граничниот премин Богородица подготвен за најавеното отворање на копнените граници со Грција

Пред најавеното утрешно отворање на копнените гранични премини кон Грција, најфреквентниот граничен премин Богородица е подготвен во секој поглед да одговори адекватно на предизвикот и по повеќе од една година повторно да се врати на некогашната секојдневена динамика на работа, изјави денеска за МИА командирката на граничната полиција, Јасмина Аврамска.

-Имаме доволен број на полициски работници и подготвени сме и технички и материјално да одговориме на најавеното отворање на граничните премини со јужниот сосед и покрај тоа што до овој момент од нивна страна немаме добиено никакво известување, рече Аврамска.

Додаде дека вработените полицајци на ГП Богородица и во блиското минато, односно до настапувањето на здравствената криза и затворањето на граничниот премин „Евзони“ ефикасно се справувале и со најголемите гранични гужви кои почнуваа токму во овој период од годината.

-Во истиот период 2019 година, за 48 часа се регистрирани 6.626 македонски граѓани од кои 3.680 излегле кон Грција, а 2.946 влегле во земјава.

Кога ќе се земат во предвид и останатите странски туристи кои најчесто го користат нашиот премин, на дневно ниво низ ГП Богородица транзитирале по околу 15 илјади патници на излез и влез во земјава, нагласи Аврамска.

Ова се бројки кои одат во прилог на констатацијата дека полициските работници без проблем успешно ќе се соочат со зголемена патничка фреквенција на ГП Богородица доколку се случи утрешното најавено отворање на ГП „Евзони“ низ кој во моментов се одвива само транспортниот сообраќај.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопски пазар“ ја зголеми добивката за 127% за време на корона-кризата

Редакција

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

Редакција

Топ пет најголеми должници кон УЈП: „ТЕ-ТО“ со долг од 11 милиони евра убедливо на врвот

Редакција