еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски Телеком со раст на добивката за 13,1% во првите три месеци од годинава

Во првите три месеци од 2021 година Македонски Телеком оствари раст и позитивни резултати, особено во сегментите за интернет и телевизија, информираат од компанијата.

“Приходите од продажбата се зголемени за 2,6 отсто и изнесуваат 2.686 милиони денари.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 13,1 отсто, во споредба со истиот период претходната година.

Македонски Телеком ја задржува лидерската позиција со 34 отсто удел на ТВ пазарот.

Во првите три месеци од 2021 година бројот на корисници е зголемен за 4,3 отсто, со што базата на корисници изнесува 143,3 илјади. Како резултат на овој тренд, зголемени се и приходите од дигитална телевизија за 4,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година“, велат од компанијата.

Трендот на сè поголема побарувачка на интернет го зголеми бројот на корисници на широкопојасен интернет за 6,4 отсто, со што уделот на пазарот изнесува 50,2 отсто или 193,1 илјада корисници во првите три месеци на 2021 година, велат од компанијата.

“Позитивниот тренд влијае и на вкупниот број пристапи на широкопојасен интернет којшто е зголемен за 5 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Остануваме посветени на ширењето на оптичката мрежа, којашто е основа на дигиталното општество.

Во првите три месеци од 2021 година Македонски Телеком овозможи повеќе од 227 илјади пристапи до оптика што е за 12,9% повеќе споредено со истиот период од претходната година.

За да ги задоволиме барањата на корисниците за брза и стабилна мрежа постојано инвестираме во мрежата и досега имаме инсталирано оптичка мрежа во должина од 6.900 километри на територијата на целата држава.

Инвестициите во оптичка мрежа којашто овозможува големи брзини и пренос на податоци ќе продолжат да бидат приоритет на нашиот тим и во наредниот период.

Остануваме посветени на одржувањето на капацитетот на мрежата и на најбрзиот и најбезбеден интернет пристап за непречена комуникација и поврзување на корисниците“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска комора со вонредна седница: Бизнисмените уште еднаш ќе му „нацртаат“ на Тевдовски дека се против прогресивното оданочување

Редакција

Поевтинуваат горивата

Редакција

Во октомври издадени помалку градежни дозволи

Редакција