еМагазин
Image default
Бизнис

Гранит лани со намалена добивка

Остварените единечни вкупни приходи на Гранит АД Скопје во периодот јануари – декември 2022 година изнесуваат 5.025.625 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 1,3%, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Приходите од продажба изнесуваат 4.605.995 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат намалување за 1%.

Финансиските приходи изнесуваат 78.198 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 1%.

Остварените единечни вкупни расходи се во износ од  4.892.738 илјади денари, споредено со истиот период 2021 година бележат зголемување за 2,4% .

Во периодот јануари – декември 2022 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 132.888 илјади денари и истата е намалена во однос на претходната година за 26%.

Намалување на добивката во најголем дел се должи на зголемување на пазарните цени на одредени клучни материјали и суровини за изградба (цената на нафтата има зголемување за 55% во однос на 2021, цементот има зголемување за 38%, железото е зголемено за 28%, електричната енергија за 89%), велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гранит склучи договор со Јавното претпријатие за државни патишта вреден 598,3 милиони денари

Која е градежната компанија од Белград која стана акционер на 5% од акциите на Гранит

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На новата Листа на должници на УЈП, 1.859 правни и 2.226 физички лица

Редакција

БИМ Свети Николе ќе дели дивиденда

Редакција

Пад на извозот од 11,4% во јануари

Редакција