еМагазин
Image default
Бизнис

Жито лукс лани со загуба

Жито лукс лани оствари загуба пред оданочување од 7 милиони денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Замрзнатите цени на производите од категоријата леб и брашно во јануари и февруари, како и енормното зголемување на цените на енергенсите (300%) и суровините (од кои пченицата како основна суровина 42%), се главните причинители за негативниот ефект.

Приходите од продажба се зголемени за 20%, при што оние на домашен пазар бележат зголемување за 20%, додека приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 19% во споредба со минатата година.

Порастот на продажбите на домашен пазар се должи на корекцијата на цените во текот на годината, но и тие зголемувања не беа доволни за да се покрие континуираниот растечки тренд на цените на инпутите.

Останатите оперативни приходи изнесуваат 32.199 илјади денари и се зголемени за 96% како резултат на еднократен ефект, споредбено со истиот период минатата година.

Трошоците на произведени производи изнесуваат 932.173 илјади денари, што претставува зголемување за 23% во споредба со истиот период претходната година. Зголемувањето се должи пред се на гореспоменатиот раст на производните инпути.

Административните трошоци се зголемени за 4%, додека трошоците за продажба и дистрибуција се зголемени за 15%, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриос Плакоутсис нов потпретседател на Управниот одбор на Жито лукс

Жито лукс со загуба во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид за девет месеци има инвестиции од 1,2 милијарди денари и 191 нови вработувања

Редакција

„Макпетрол“ оствари добивка од 37,2 милиони денари во првите три месеци од годинава

Редакција

Распишани повици за чартер летови за враќање македонски граѓани од Малта и Хрватска

Редакција