еМагазин
Image default
Бизнис

Гранит со зголемена добивка

ГД Гранит АД Скопје (Друштвото) за периодот јануари – септември 2021 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечни финансиски извештаи, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2021 година изнесуваат 3.379.132 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат зголемување за 7%.

Приходите од продажба за периодот јануари – септември 2021 година изнесуваат 3.172.110 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат зголемување за 7%.

Зголемувањето се должи пред се на фактот дека во втората половина на оваа година активно се работеше на неколку нови проекти започнати во тековната година.

Финансиските приходи за периодот јануари – септември 2021 година изнесуваат 75.082 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат зголемување за 4%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2021 година се во износ од  3.272.838 илјади денари, споредено со истиот период 2020 година бележат зголемување за 6% соодветни на приходите.

Во рамките на оперативните расходи, трошоците за материјали и суровини бележат зголемување за 12% во однос на минатата година, пред се како резултат на зголемување на пазарните цени на одредени клучни материјали за изградба како и недостигот и доцнењата во нивна испорака.

Трошоците за вработени и останатите трошоци од работењето исто така се зголемени во однос на претходната година за 3% и 12% респективно, пред се како резултат на зголемување на износите на минималната плата и останатите административни оперативни расходи.

Трошоците за услуги се зголемени во однос на претходната година за 5% како резултат на зголеминиот износ на трошоци за подизведувачи кои директно зависи од обемот на извршени работи.

Во периодот јануари – септември 2021 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 106.294 илјади денари, што споредено со истиот период 2020 година бележи зголемување за 14%.

Вкупната сеопфатна добивка изнесува 439.549 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 333.255 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во периодот до 30.09.2021 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гранит со фирма од Куманово и Бугарија склучија договор со Електрани на Северна Македонија вреден 27,7 милиони евра

Преку моделот “се или ништо“ на продажба акции на Еуростандард банка во Гранит, Макпетрол, Реплек

За награда на менаџментот на Гранит 28 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Винер“ го доби тендерот за осигурување на вработените во МВР вреден 51 милион денари

Редакција

„Костал Македонија“ ќе произведува батерии за електрични хибридни возила за „Фолксфаген“

Редакција

Општина Липково склучи договор со „Ју-Бај 2 Амет“ вреден 721,1 илјади евра

Редакција