еМагазин
Бизнис

Гранит во првите три месеци од годинава со зголемена добивка

Остварените единечни вкупни приходи на Гранит АД Скопје во периодот јануари – март 2021 година изнесуваат 674.761 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат намалување за 18%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Намалувањето се должи пред се на фактот дека во првата половина на претходната година се извршуваа неколку проекти кои завршија во текот на 2020 година (експресен пат Штип – Крупиште и гасовод), додека новите започнати проекти се во почетна фаза на изведување.

Намалувањето на приходите предизвика и соодветно намалување на расходите на Друштвото.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – март 2021 година се во износ од  669.955 илјади денари, споредено со истиот период 2020 година бележат намалување за 18%.

Во периодот јануари – март 2021 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 4.805 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 81.666 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 76.861 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 1 квартал на 2021 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Гранит“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 16,67 денари по акција

Неколкукратно намалена добивката на „Гранит“

Страшо Милковски купи 12.781 акција од „Гранит“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Триглав осигурување“ ја зголеми добивката

Редакција

Охридска банка ќе го зголеми капиталот преку издавање 119.000 акции

Редакција

Колкави плати лани имал менаџментот на Дебарски бањи-Цапа

Редакција