еМагазин
Image default
Бизнис

Реплек во првите три месеци од годината работел со добивка

Реплек АД Скопје оствари позитивни консолидирани и неконсолидирани финансиски резултати во периодот 01.01 – 31.03.2021 година, информира компанијата преку Македонската берза.

„Реплек АД Скопје во периодот од 1 јануари 2021 година до 31 март 2021 година оствари неконсолидирана добивка пред оданочување во износ од 76.803 илјади денари и бележи намалување од 31% во однос на истиот период минатата година.

Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од евидентираните приходи од вложувања во поврзаните субјекти во износ од 76.000 илјади денари што претставува дел од остварениот резултат на поврзаните субјекти во 2020 година (претходната година е извршена распределба на дивиденди од поврзаните субјекти на износ од 108.000 илјади денари од остварениот резултат во 2019 година).

Консолидираната оперативна добивка за периодот од 1 јануари 2021 година до 31 март 2021 година на Реплек АД Скопје изнесува 82.612 илјади денари.

Оперативните приходи изнесуваат 362.147 илјади денари и се зголемени за 47%, а оперативните расходи изнесуваат 291.141 илјади денари и бележат зголемување за 32% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните приходи од продажба се зголемени за 49% во однос на истиот период минатата година, односно приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 73%, а приходите од продажба на домашен пазар се зголемени за 10%.

Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 71% во вкупните приходи од продажба (2020: 61%).

Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 81.401 илјади денари и е значајно зголемена во однос на истиот период минатата година како резултат на зголемената продажба на странски и домашен пазар.

Во поединечните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година кредитното задолжување е намалено за 7.810 илјади денари, односно на 31 март 2021 година изнесува 71.587 илјади денари (на 31 декември 2020 година изнесува 79.397 илјади денари).

Во консолидираните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година кредитното задолжување е намалено за 23.292 илјади денари, односно на 31 март 2021 година изнесува 175.757 илјади денари (на 31 декември 2020 година изнесува 199.048 илјади денари).

Реализираниот промет на групациско ниво нема значајни отстапувања во однос на планираниот„, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акционерската „битка“ не донесе драстични промени во „Реплек“, Бојан Аврамиовски нов член на Надзорниот одбор

„Тепачка“ за акции од „Реплек“: Продаден блок вреден 93.000 евра

Колкави биле примањата на Управниот и Надзорниот одбор на Реплек лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКСКЛУЗИВНО: Логистичкиот центар на Лидл во Куманово ќе биде регионален, не само за Македонија

Редакција

MEMO стана член на европската асоцијацијата на европски берзи на електрична енергија

Редакција

По петдневен штрајк, машиновозачите се вратија на работа, а возовите нормално сообраќаат

Редакција