еМагазин
Image default
Македонија

Граѓаните кои добиле погрешни СМС пораки да се вакцинираат во најблиското место, но да го почитуваат терминот

Министерството за здравство ја информира јавноста дека по серијата информации од граѓани во јавноста, претежно на социјалните мрежи, дека за вакцинација добивале смс пораки за да се вакцинираат во друг град, а не каде што живеат системот „Мој Термин“ направи анализа и ја увиде следната состојба:  Граѓаните при закажување на веб страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат, поради тоа системот автоматски им испратил порака за локацијата, односно вакциналниот пункт и градот, што сами го одбрале.

„Министерството за здравство ги информира сите граѓани кои се соочиле со ваков проблем и од таа причина не се појавиле вчера на вакцинација истото да го сторат денеска, во местото каде живеат, односно на вакциналниот пункт во нивниот град.

Не е потребно повторно да се пријават ниту на vakcinacija.mk, ниту кај својот матичен лекар, доволно е кога ќе дојдат на вакциналниот пункт да ја покажат пораката која ја добиле односно каде пишува дека вчера имале термин за вакцинација.

Ова важи за сите граѓани кои и денеска или во наредните денови ќе се соочат со овој проблем.

Ви приложуваме пример – лицето добило порака дека, треба да се вакцинира во Струга, а место на живеење му е во Скопје. Денеска може да оди на кој било вакцинален пункт во Скопје но задолжително да ја прикаже пораката што ја добил за вакцинација. Доколку доказот дека има термин е валиден, лицето ќе се вакцинира, веднаш“, велат од Министерството.

Освен салите за масовна вакцинација во Скопје, Куманово, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Битола, вакциналните пунктови работат и во здравствените установи во Струмица, Прилеп, Гостивар, Кичево, Струга, Велес, Кочани, Дебар и Гевгелија.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да го почитуваат терминот, односно времето кое го добиле за вакцинација, како не би се создавал метеж на вакциналните пунктови.

Од таму, исто така апелираат до граѓаните да се пријавуваат за вакцинирање на веб-страницата vakcinacija.mk, тоа е најлесниот и најбрзиот начин за да се вакцинирате.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ременски: Видов се освен докази против мене во случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција

Левица: „Овој договор, во ниеден случај не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ“

Редакција

Сите детали: Од утре започнува аплицирањето за зелена карта за САД за 2022

Редакција