еМагазин
Image default
Балкан

Грците наместо 300 евра, ќе плаќаат 500 евра ако ги прекршат мерките за Ковид-19

Зголемување на казната за прекршување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот од 300 на 500 евра, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи од Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

– Казната за прекршувачите, за оние кои свесно инсистираат на прекршување на мерките ќе се зголеми од 300 евра на 500 за да можеме да ја загрееме економијата, без да го ставиме во опасност здравјето со трет бран на пандемијата, рече Мицотакис.

Паралелно, истакна дека Владата е подготвена, доколку постои позитивна препорака од Комисијата на епидемиолози, од понеделник да се отворат продавниците во земјата.

– Сакам да бидам апсолутно јасен, секое отворање на економската активност носи ризик од зголемување на случаите. Сè додека ова зголемување на случаите е логично и контролирано и сè додека не врши притисок врз здравствениот систем, тоа е нешто што можеме да го издржиме.

Ова се тие тешки рамнотежи што треба да ги најдеме. Значи, ако експертите проценат дека овој ризик е разумен и ни препорачаат дека треба да одиме на постепено отворање на малопродажбата, подготвени сме тоа да го спроведеме од понеделник, објасни грчкиот премиер.

Од Парламентот, соопшти продолжување на две мерки за поддршка на општеството. Едната се однесува на 80 отсто покриеност на трошоците за кирија за деловен простор, што ќе важи и за февруари, а другата е за надоместокот за невработените што ќе го добијат и во следните два месеци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граничните премини на северот на Косово блокирани, локалните избори одложени за во април

Редакција

За Петков Трифонов бил коалционен партнер на мафијата

Редакција

(ВИДЕО) Како Србите играат оро во време на пандемија со корона вирусот

Редакција