еМагазин
Image default
Техно

Греење и ладење без струење на водухот: Samsung Wind-Free™ Deluxe

Компанијата Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. (SEACE) и официјално го претстави новиот модел на ѕидни клима уреди Wind-Free™ Deluxe, со единствена  технологија на ладење и функции за паметно управување. Кога се работи за VRF системите (системи на променливи флуиди), Samsung ја проширува својата линија на ѕидни единици на средни и големи бизнис објекти, како хотели и бизнис згради, додека Wind-Free™ Deluxe технологијата со EHS топлотните пумпи (систем на економично греење), овозможува воспоставување на сеопфатно решение за греење и ладење на станбени простори.

„Со претставување на новата линија на Samsung клима уреди порано оваа година, ја зајакнавме својата улога како предводник на пазарот за иновативни производи за ладење и греење. Меѓутоа, нашата цел отсекогаш била Wind-Free технологијата да ја направиме достапна за пошироката јавност, а со најновиот Deluxe модел во можност сме тоа и да го реализираме“, истакна Xavier Feys, потпретседател на секторот за претпродажба, развој на работењето и корисничките услуги во SEACE.

Иновативна технологија на ладење

Wind-Free™ Deluxe е, слично на ѕидните модели за станбени примени, опремен со единствена технологија, која домот го прави значително попријатен и поудобен, со помош на повеќе илјади микроскопски ситни отвори за изедначена дистрибуција на свеж воздух.

При користење на Wind-Free™ режимот, воздухот се дистрибуира тивко и лесно, со кое се создава „опкружување без струење на воздухот“[1].

Паметно работење

Управувањето на Wind-Free™ Deluxe технологијата се одвива преку жичните или безжичните единици, опремени со напредни функции за регулација на внатрешниот воздух.

Истотака, можно е и далечинско ракување на единицита и нејзин надзор преку апликацијата SmartThings, како и со помош на гласовните команди на Bixby[2], што на корисниците им овозможува да го вклучуваат и исклучуваат клима уредот, да го бираат посакуваниот режим на ладење, да закажуваат извршување на функции и надгледување на потрошувачката на струја.

Едноставна монтажа

Со носачот со точки, за кои се потребни само два шрафови, новата Wind-Free™ Deluxe единица е конструирана за монтажата и сервисирањето да бидат уште полесни и побрзи во однос на вообичаените ѕидни модели.

Резултатот е дури 45 проценти пократко време за монтажа отколку кај конвенционалните модели[3]. Освен тоа, благодарение на воздушните филтри, поставени од надворешните страни, сервисирањето може да се изведе без отворање на единицата.

TDM Plus

Во склоп на EHS асортиманот можно е да се комбинира Wind-Free™ Deluxe со системот TDM Plus, кој ги комбинира системите воздух-вода (A2W) и воздух-воздух (A2A), овозможувајќи сеопфатно решение за климатизација во домот. Може да се користи во текот на целата година за ладење, како и за подно и радијаторско грееење.

Исто така, можно е максимално да се искористи потенцијалнот на системот за поврзување на паметна мрежа или на соларни панели.

Палета на производи

Моделите Wind-Free™ Deluxe на компанијата Samsung се достапни во варијантите VRF (променлив проток на флуиди) и како систем за економично греење EHS.

Капацитетот на единицита VRF е достапен во распон од 1,5 до 8,2 kW и може да се набави со комплетен електронски експанзивен вентил (EEV) или без него.

Капацитетот на единицата EHS е достапен во распон од 1,5 до 8,2 kW и може да се набави само со комплетен електронски експанзивен вентил (EEV).

Расположливоста на палетата на производи може да се разликува на локалните пазари.

За компанијата Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. (SEACE)

Од претставувањето на првиот клима уред во 1974. година, Samsung Electronics набрзо го прошири глобалното работење во областа на климатизацијата и во 2005. година влезе на европскиот пазар за комерцијална климатизација. Поради брзиот раст, благодарение на долгорочниот ангажман на европскиот пазар, Samsung Electronics ја основаше Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. (SEACE) на почетокот на 2017. во Амстердам во Холандија.

Целта на централата во Европа е да ја зацврсти и усогласи активноста во повеќе од 30 европски земји. SEACE нуди тековна техничка обука за решенија за климатизација и паметни згради, како послепродажна и стручна поддршка на своите партнери, зад кои стои квалитетот на компанијата Samsung и постојаните иновации, вклучувајќи решенија за дигитално поврзување.

SEACE со своите решенија за ладење, греење, подготовка на топла вода во домаќинствата и паметни згради, настојува да ги задоволи потребите на европскиот пазар, услужувајќи го помеѓу останатото малопродажниот сегмент, хотелите, бизнис и станбените згради.

[1] ASHRAE (Американско здружение на инженери за разладувачки, грејни и системи за климатизација) го дефинира „опкружувањето без струење на воздухот“ како опкружување во кое брзината на воздушната струја без присуство на ладно струење е пониска од 0,15 m/s.

[2] Неопходно е Wi-Fi поврзување за апликацијата Samsung SmartThings. Wi-Fi опремата се нарачува посебно. Неопходен е iOS 10.0 или понова верзија, односно Android 5.0 или понова верзија. Можно е да бидат потребни дополнителни услови на поради користење на апликацијата SmartThings во средните и поголемите бизнис згради. Достапноста на опишаните функции може да зависи од изведбата на системите. Гласовните команди на Bixby поддржуваат англиски (US, UK, индијски), кинески, корејски, француски, германски, италијански, португалски и шпански јазик.

[3] Тестирано со споредување на моделот AM022TNVDKHEU со конвенционалниот модел Samsung AM022JNVDKHEU под специфични услови. Во зависност од специфичните услови и употребата, можни се отстапки.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ТикТок“ забрани пристап за деца под 13 години

Редакција

(Видео) Со гаџетите и модерната технологија до позитивни промени во животниот стил

Редакција

Од 9 до 12. мај научен конгрес „Science@FEEIT“ во организација Факултетското студентско собрание на ФЕИТ, годинава за прва пат со гости од регионот

Редакција