еМагазин
Image default
Техно

StopKorona!: Мобилна апликација за справување со корона вирусот

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за „StopKorona!“ – мобилна апликација за справување со коронавирусот, и го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за донација меѓу Друштво за информатичка технологија „Некстсенс“ како давател, и Министерството за здравство како примател на донацијата.

Од Владата посочија дека користењето на оваа мобилна апликација е на доброволна основа од страна на граѓаните, а деталите за апликацијата ќе бидат презентирани на прес-конференција од страна на министерот за здравство и министерот за информатичко општество и администрација.

На владината седница е донесена и Уредба согласно која Министерството за здравство како мерка може да примени и најнови технолошки достигнувања при ефикасно утврдување на вирусот.

„Владата донесе Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, согласно која заради спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на коронавирусот и поефикасно утврдување дали одредено лице било или се сомнева дека било во непосреден контакт со лице заболено или инфицирано со коронавирус, како и негов навремен медицински третман, Министерството за здравство како мерка може да примени и најнови технолошки достигнувања (интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично), при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот,“ велат од Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче за најтешката форма на корона вирусот: Ги напаѓа сите органи, крвта и предизвикува распад на ткивото на белите дробови

45-годишен скопјанец заразен од корона вирусот починал на пат кон болница

Филипче: Не сум се тестирал од корона вирусот и вообичаено не пијам витамини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средношколци за прв пат ќе учат преку VR технологија

Редакција

Со иновативната технологија на Македонски Телеком, Скопје станува Паметен град

Редакција

Пристат до интернет имаат 83,7% од домаќинствата во Македонија

Редакција