еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Групата „Ковид-19 Искуства и совети“ „растура“ на Фејсбук: Луѓе споделуваат искуства и корисни совети за борбата со вирусот

Групата „Ковид-19 Искуства и совети“ креирана од Анета и Антони Пешеви „растура“ на Фејсбук од посетеност. Идејата во основањето на оваа група е со заеднички сили и искуства да се пребориме со вирусот.

„Групата е наменета за размена на искуства на луѓе кои имаат лични искуства во процесот на лекување и рехабилитација на Ковид-19, како и за сите оние кои сакаат да се информираат од прва рака од реалните искуства на тие што поминале низ процесот на лекување и рехабилитација од Ковид-19,“ се вели во објаснувањето за групата.

Но сепак, останува напомената дека секоја информација која ќе се добие таму да се провери со лекар или фармацевт.

Групата за кратко време достигна повеќе од 15.000 членови, а луѓето најчесто споделуваат искуства за симптомите, како ги поднеле, што покрај стандардната терапија препишана од лекари користеле за да си ги олеснат симптомите, какви испитувања направиле, административни процедури за боледувања и слично.

Многу од информациите се важни, за луѓето да не лутаат и да знаат што треба да направат.

Фото: Фејсбук/„Ковид-19 Искуства и совети“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца пациенти во ГОБ „8 Септември“ се во критична состојба

Редакција

Четири месеци откако почина, Јана ја „доби“ долгата судска битка што ќе ѝ дадеше шанса да се лекува во странство

Редакција

Пановски: Британскиот сој на вирусот полесно се шири, граѓаните да носат сертифицирани маски

Редакција