еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Во Бугарија нема корупција и криминал, а Захариева е најубава политичарка во ЕУ„

Едно од научно-фантастичните барања на источниот сосед, член на Европската Унија е и „контрола“ во име на наводен говор на омраза, на тоа што ќе пишуваат медумите во Македонија за Бугарија.

Оваа барање што се коси со сите вредности кои ги промовира ЕУ и со слободата во информирање на медиумите доаѓа од политичари, пак ќе повториме од земја, која е членка на ЕУ.

Да биде уште пострашно, не станува збор за некоја несреќна изјава на бугарски политичар, кој треба да знае дека во никој случај политичар не може да се меша во работата на медиумите во неговата земја, а камоли во друга, оваа апсурдно барање е дел од Декларацијата која ја усвои бугарското Собрание.

Тоа што пишуваат медиумите во Македонија е нивна одговорност и работа, не на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која еве нека се обиде да им каже на бугарските медиуми што тие да пишуваат.

Или уште подобро, Захариева нека им се јави на германските медиуми кои деновиве многу пожестоко пишуваат за Бугарија од македонските, па да видиме што ќе и одговорат.

За тоа дали како што тврди таа македонските медиуми шират говор на омраза си има и соодветни државни институции во Македонија кои може да го санкционираат тоа, ако го има, а и здруженија на новинари и многу други невладини организации кои секогаш многу гласно реагираат кога е во прашање говор на омраза. Така е во Македонија.

На крај краева во едно демократско општество медиумите имаат комплетна слобода да ги следат и коментираат случувањата како што им налага нивната уредувачка политика. Ако во Бугарија работите се поинаку поставени, тоа е нивни проблем.

И секако не треба да си правник за да знаеш дека тоа е директно мешање во внатрешни работи на друга земја. Како членка на ЕУ, Бугарија тоа треба да го знае.

Ако правилно ја разбравме Захариева, сега во Македонија треба да пишуваме дека во Бугарија нема корупција или кримнал, но ќе не демантира Еуростат или Транспаренси интернешенал.

Општо познато е дека Бугарија е една од најкорумпираните земји во ЕУ, а за тоа со месеци протестираа и самите бугарски граѓани, кои ја нарекоа земјата мафијашка држава.

Или треба да пишуваме дека Захариева е најубава политичарка во ЕУ. Ама не е.

Рака на срце, таа е прекрасна жена.

Или да „штанцаме“ лажни вести дека Бугарите за време на Втората светска војна не биле во сојуз со Хитлер. Ние ќе излажеме, но ќе не демантираат сите.

Или да лажеме дека Бугарите во тоа време не ослободиле, но ќе не демантираат бројните живи сведоци од тоа време во Македонија, кои ќе кажат дека Бугарија не била администратор, туку окупатор.

Во време кога светот се бори со лажни вести (зад кои најчесто стојат политичарите), многу е страшно кога едно вакво барање доаѓа од членка на ЕУ. Убаво да следат во Унијата што се бараат со уцени и закани нивни членки. За лицето на Унијата станува збор, не за Бугарија.

Не за друго, баш од Унијата со години ни солат памет што значи слобода на медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Екатерина Захариева, што пишува во биографијата на бугарската министерка за надворешни работи

За Захариева македонското општество е тоталитарно

Бугарија покажува мускули на темата Македонија, вели деканот на бугарскиот Факултет за словенска филологија

Барањата на Бугарија се дрски, ненаучни и нереални, вели Штајнакер, поранешната заменик германска амбасадорка во Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Без тест и карантин од 15 јуни Грција ги отвара вратите за туристите од Балканот

Редакција

Поради тензиите на Косово, Србија ја подигна на највисок степен борбената готовност на војската и полицијата

Редакција

Нема одлука за рестриктивни мерки на границите, акцент се става на вакцинирањето, рече Филипче

Редакција