еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема одлука за рестриктивни мерки на границите, акцент се става на вакцинирањето, рече Филипче

Засега нема одлука за рестриктивни мерки на границите, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за тоа, евентуално дали нешто треба да се препорача за критериуми за влез на границите, иако, како што потенцираше, гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки како Грција на пример, имаат пораст на случаите.

„Значи треба да се препорача мерка која навистина ќе биде ефикасна. Во однос на препораките внатре, затоа се протоколите со ограничувања, тоа е нешто што животот го враќа во нормала со внимателност.

Во овој момент нема голем број на прегледи во болниците, за пациенти суспектни на Ковид-19, така што во овој момент во однос на дополнителни ретсриктивни мерки за функционирањето тука, во затворени или отворени услови, нема потреба да се препорачаат,“ рече Филипче.

Тој додаде дека се чекаат да излезат публикации, во врска со тежината на клиничката слика, односно да се види како се однесува делта варијантата на вирусот кај луѓе што се или што не се вакцинирани.

„Затоа акцент ставаме на вакцинацијата и затоа апелираме што поголем број на граѓани да се вакцинираат, поради тоа што после оваа мутација може да дојде некоја друга,“ додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ги заострува мерките на границите: Бидете подготвени на се почести тестирања по случаен избор

Доктор Пановски: Нон сенс е Грците нас да не тестираат каде што нема делта сој, а ние да немаме мерки за патниците од таму

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер за превирањата во ВМРО-ДПМНЕ: „Следна за исклучување била струјата“

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 412 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Негувателка во градинка во Велес на децата им давала да пушат електронска цигара, Обвинителството отвори предистрага

Редакција