еМагазин
Image default
Бизнис

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува: Реновирана и модернизирана бензинската станица на влезот во градот Неготино

Работејќи по највисоки стандарди кога станува збор за транспорт и продажба на нафтените деривати, Макпетрол на своите корисници им нуди квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива, информираат од компанијата.

„Токму поради тоа, во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици, како и изградба на нови, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти.

Во синџирот на бензински станици на „Макпетрол“, потрошувачите имаат можност да ги користат сите видови горива, како и дополнителните услуги кои можат да ги добијат во современите продажни објекти,“ се вели во соопштението.

Во обновената и современа бензинска станица на влезот од градот Неготино се инвестирани повеќе од 27 милиони денари. Истата ги нуди квалитетните горива од ULTRA фамилијата на „Макпетрол“, вклучувајќи гo и течниот нафтен гас за возила, а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

„„Макпетрол“ АД како водечка компанија на македонскиот пазар е секогаш подготвена да одговори на енергетските потреби на општеството и како досега, преку константните инвестициони зафати на своите објекти претставува двигател на економскиот сектор во државата,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните се повеќе пријавуваат во УЈП: Ресторани, маркети, фризерски студија, бутици не издаваат фискални сметки

Редакција

Министерството за труд вработува 10 лица, плата до 28.303 денари

Редакција

Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед

Редакција