еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

H&M во Ист гејт ќе биде отворен на 18 август

Шведскиот моден бренд H&M ја отвора својата прва продавница во Македонија, во Ист Гејт Мол Скопје, на 18 август во 10 часот наутро, информираат од компанијата.

Купувачите ќе имаат можност да добијат попусти до -50% на одбрани парчиња, во периодот од 18 до 21 август. Исто така, на денот на отворањето, првите 100 купувачи ќе добијат H&M картички за подарок во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 за третиот и по 1.000 денари за останатите.

„Многу сме среќни што конечно ја отвораме нашата прва продавница во Скопје, во еден од најголемите трговски центри во целата земја. Ова е одлична можност и возбудлив предизвик да го прошириме нашето физичко присуство на вака стратешки важна локација.

Сакаме да продолжиме да инспирираме и да им дадеме можност на вљубениците во модата во Скопје да изгледаат и да се чувствуваат добро преку истражување на нивниот личен стил и правење на повеќе одржливи модни избори”, вели Томас Естрани, регионален менаџер за продажба во H&M.

Новата продавница на H&M во Скопје се протега на 2.300 м2 и е дизајнирана согласно последните трендови, со цел да понуди модерно и пристапно шопинг искуство.

Нејзината разновидна понуда ќе вклучува широка понуда на облека за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња, како и модни додатоци.

Продавницата ќе работи од 10:00 часот наутро до 22:00 часот во работните денови и во сабота, додека во недела ќе работи со скратено работно време, до 20:00 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Посетата на рускиот министер Лавров на Србија откажана откако му се забрани да лета над Македонија, Црна Гора и Бугарија

Редакција

48,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија имале контакт со потврден случај

Редакција

Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес

Редакција