еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Харис Беќири од Ростуше совлада несекојдневен спортски предизвик – „Еверестинг”

Младиот планинар и спортист Харис Беќири од Ростуше, седиште на Општина Маврово и Ростуше, се впиша во листата на 612 луѓе во светот, кои го совладале напорниот и несекојдневен спортски предизвик, познат како Еверестинг, објави Медат Куртовски, повереник за надлежностите на градоначалник на Општината.

Додава дека тоа е всушност неформален формат на спортска активност – најчесто велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8.848 висински метри, односно височината на Еверест, во еден единствен обид, значи, совладување на таа надморска височина на одредена делница (качување и симнување) повеќе пати.

-Харис го започна предизвикот вчера во 4 часот наутро, а го заврши успешно денеска, напладне, што значи дека се искачуваше и симнуваше околу 32 часа. За време на својот подвиг, доби поддршка од своите блиски, пријателите, соселаните, колеги планинари, медицински тим, како и од претставници на локалните институции и приватни фирми, вели Куртовски.

Ваквиот подвиг се пријавува во посебна асоцијација на светско ниво, која преку посебен софтвер води статистика и контрола за време на активноста. Со оглед дека Харис ја исполни целта, официјално се вбројува помеѓу 612 луѓе во светот кои го совладале спортскиот предизвик.

МИА/Фото: Куртовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Алкалоид“ со втора масовна крводарителска акција годинава

Редакција

Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк

Редакција

Arena Sport од февруари достапен за корисниците на А1 Македонија

Редакција