HBO на српскиот актер Милош Биковиќ, кој беше исклучен од снимањето на третата сезона на серијата “White Lotus“, ќе му го исплати целиот хонорар, а актерот најави дека ќе ги донира парите на млади за нивно школување и професионално усовршување.
Тој требаше да се појави во шест од вкупно осум епизоди од новата сезона на серијата.
“Како што кажав претходно, за мене беше извонредна чест што бев поканет да работам со Мајк Вајт во ваква серија. Мојот мотив за учество во ваков проект беше чисто актерски и уметнички предизвик.
Бидејќи тоа нема да се оствари, сакам хонорарот што ќе го заработев да го насочам кон оние што утре ќе не претставуваат во светот“, изјави Биковиќ за „Блиц“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Биковиќ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.