еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Хорор во Кавадарци: Мажот пронајден мртов во куќа бил избоден и запален, се трага по сторителот

Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален, соопшти државното Јавно обвинителство.

-Со оглед на утврдените факти, Основното јавно обвинителство Кавадарци презема интензивни дејствија за откривање на сторителот или сторителите. Веднаш по пронаоѓањето на телото беше извршен увид на лице место, а сега по наредба на јавниот обвинител се вршат и дополнителни увидни дејствија и разговори со повеќе лица, информира Обвинителството.

Како што беше соопштено завчера, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на местото во семејна куќа во која беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст од 70 години.

Екипата на Итната медицинска помош констатирала смрт со видливи изгореници на телото поради што надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот. При увидот, од местото биле подигнати траги со цел да се утврдаат околностите под кои настапила смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Безживотно тело на маж со видливи изгореници пронајдено во семејната куќа во Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Украинците создадоа дрон што фрла Молотови коктели направени од пиво

Редакција

ШК Алкалоид со двојна круна на Екипните шампионати на Македонија за 2023 година ја потврди доминацијата во шахот

Редакција

Доколку планирате да патувате во Италија: Штрајкот приземји речиси 1.000 летови

Редакција