еМагазин
Image default
Да помогнеме

Хотел Македонија-Макоил од Стар Дојран повторно понуди бесплатно сместување за деца со посебни потреби и социјално загорозени деца

Како и минатата година, и оваа Хотел Македонија-Макоил од Стар Дојран се вклучи во акцијата покрената преку Фејсбук групата Хумано детско другарување, за бесплатно сместување на деца од социјално загрозени семејства, деца со посебни потреби и деца со самохрани родители.

“И оваа година како и претходната година Хотел Македонија-Макоил Стар Дојран, ни ги отвара вратите од 4 апартмани по 7 ноќевања.

Бескрајно сме му благодарни на сопственикот Мите Јовановски и му изразуваме ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ за неговата големина и хумано срце!“, велат од Фејсбук групата Хумано детско другарување.

Фото: Хотел Македонија-Макоил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да помогнеме: Два дена пред Бајрам, семејството Али од Арачиново во пожар го изгуби домот

Редакција

Хуманитарна акција за Марко Здравковски во хотел Монтана во Крушево

Редакција

Хуманитарен турнир во фудбал „Победата е наша“: Средствата ќе се наменат за изработка на перика за девојче кое се лекува на хематологија

Редакција