еМагазин
Image default
Бизнис

Хотели Метропол со загуба во првите шест месеци

Хотели Метропол АД Охрид за периодот јануари – јуни 2022 година оствари негативен финансиски резултат искажани во неревидираниот биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Приходите од работењето на Хотели Метропол за периодот јануари- јуни 2022 година изнесуваат 50.422 илјади денари и покажуваат зголемување од 150% во однос на приходите за овај период 2021 година.

Од овој приход на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 49.777 илјади денари. Останатите приходи во износ од 645 илјади денари бележат намалување во однос на минатата година. Финансиските приходи бележат зголемување во однос на истите во првиот семестар од 2022.

Хотели Метропол во првиот семестар на 2022 година оствари негативен финансиски резултат остварувајќи загуба од 16.077 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 66.704 илјади денари, бележат зголемување од 33 % во однос на расходите за овај период во 2021 година. Најголемо учество во вкупните расходи со 41,19% имаат трошоците за вработените во износ од 27.477 илјади денари, кои бележат зголемување од 19%.

Трошоците за суровини и материјали во износ од 19.453 илјади денари имаат учество од околу 29,16% во вкупните расходи, односно се зголемени за 115% во однос на иститот период минатата година. Останатите трошоци бележат исто така зголемување во однос на истите од претходната година. Финансиските расходи бележат зголемување во однос на истите во претходната година“, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За плати, награди и надомест на членовите на Одборот на директори на Хотели Метропол лани исплатени 1,6 милион денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РЖ Интер-трансшпед лани ја намали загубата

Редакција

Бектеши-Петкова: Преговорите за изградбата на нуклеарната централа Белене започнуваат на почетокот на 2020 година

Редакција

Позитивни на корона вирусот 53 работници од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе

Редакција