еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Хотелот во Лагадин ќе се гради, поништено решението на Пецаков со кое беше стопирана градбата

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин, објави ohrid1.com.

Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин.

Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука, на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде ли доволен двегодишниот период даден од УНЕСКО, конечно да се сруши хотелот-дивоградба во Лагадин

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Славчо временска на апарати“: Твитер реакции за директорот на Бирото за метрологија, кој мислел дека метрологијата е наука за времето

Редакција

(Галерија) По корона кризата, предлог-место за посета во нашата држава: Етно-куќа Благибог, Мариово

Редакција

Сите детали: Награден фонд од 500.000 евра за МојДДВ#МојаНаграда

Редакција