еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средба Ковачевски-Пич: Безбедноста и евроинтеграциите во фокусот на разговорите

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска се сретна со Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, придружуван од амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон.

На средбата премиерот Ковачевски истакнал дека ангажманот на Обединетото Кралство на Западниот Балкан и промовирањето на прашањата за регионалната безбедност се резултат на блиските пријателски односи на двете земји, сојузнички членки на НАТО. Тој се заблагодарил за поддршката која Македонија ја добива од Обединетото Кралство во интеграциските и реформските процеси.

На состанокот била истакната и поддршката за процесите кои се дел од евроинтеграцискиот пат на земјата. Прогресот во евроинтеграциите бил посочен како клучен за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања во регионот.

Во тој контекст, се наведува во соопштението од владината прес-служба, нагласена е и потребата од конструктивност на сите политички субјекти во земјата на сметка на блокадите и деструктивноста.

– Поддршката беше насочена и за Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ во време на тешка безбедносна ера за Европа. Во таа насока, поздравени се политиките на Владата како фактор за безбедноста и на регионот но и за Европа.

Нагласено е значењето за поставеноста на надворешната политика на Северна Македонија, на линија на политиките на државите од Европа, во однос на ситуацијата во Украина и придонесот на нашата држава во регионалната стабилност, стои во соопштението.

Претходно, Пич имаше средба и со претседателот Стево Пендаровски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за поврат на парите кои граѓаните ги потрошија за вакцинација во Србија

Редакција

Владата формираше работна група за пренесување на починатите од сообраќајната несреќа во Бугарија

Редакција

Кривична и суспензија за советникот на Чулев за несоодветно и насилничко однесување

Редакција