еМагазин
Image default
Македонија

Кривична и суспензија за советникот на Чулев за несоодветно и насилничко однесување

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Славјанка Петровска ja инфомираше јавноста дека е поведена постапка против советникот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев за инцидентот со началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, на изборниот ден на 15 јули.

Против државниот советник поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка во МВР.

Петровска на на нејзиниот Фејсбук-профил објави дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, ги завршило потребните проверки за настанот во Тетово, што се случи на 15 јули.

– Констатира дека постои основно сомнение дека полицискиот службеник – државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи сторил кривично дело насилство по член 386 став 1 и малтретирање при вршење служба по член 143 од КЗ, пишува Петровска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 623 прекршоци за неносење на маски

Редакција

Кој ќе биде кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција

Собранието ќе формира Координативно тело за кампањата за референдумот

Редакција