еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Последни денови на инфо караванот, аплицирајте за Мерка 1 од ИПАРД Програмата

Според новиот протокол за заштитата од Ковид-19, денеска инфо караванот за информирање и едукација за ИПАРД 2014–2020 продолжува со своите активности за аплицирање и искористување на Мерка 1 во Демир Хисар, во кругот на ОУ „Гоце Делчев“ од 15:00 часот

Во петок, ИПАРД караванот ќе биде во Неготино на локација Спомен Костурница од 10:00 часот, за потоа да се сретне со заинтересираните граѓани во Кавадарци на локација Полициско Паркче од 14:00 часот.

Во понеделник, 27.07, инфо караванот ќе ги осети општините Зајас во кругот на училиштето “ОУ Реџо Рушит”, од 11:00 часот и Осломеј, во кругот на OУ„ Милто Ѓурра”-с. Стрелци во 15:00 часот.

Последниот ден од инфо караванот низ државата ќе биде во општина Конче, на 28.07 во општина Конче од 11:00 часот.

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерка 1, бидејќи крајниот рок за поднесување на барањата за Мерка 1 е 03 август 2020 година.

Мерка 1, или инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-2020, ги опфаќа заинтересираните сопственици на земјоделски стопанства, физички лица кои што се носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, кои што имаат производни капацитети од растително или сточарско производство.

По новиот протокол, инфо средбите ќе се реализираат на отворен простор, а на влезот на секоја локација ќе бидат поставени 2 пулта, од кој што на Пулт 1 ќе се мери телесната температура на секој посетител, ќе се дезинфицираат рацете и ќе му се даде заштитна маска, доколку не носи со себе.

На Пулт 2 ќе се прави евиденција за присутност, ќе се дава рекламен материјал и освежителен пијалак, вода или сок.

– За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk,,ipardpa.gov.mk, agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ ќе ги зголеми претпристапните финансии кон Западен Балкан и ќе понуди нова иницијатива, најави Фон дер Лајен

Редакција

Над 43% од трошоците на домаќинствата во Македонија се за храна и пијалоци, во ЕУ – 13

Редакција

„Корпа“ за Македонија од Советот на министри на ЕУ: Конечната одлука оставена на лидерите

Редакција