еМагазин
Image default
Балкан

Косово и Србија утре во Брисел ќе почнат преговори за меѓусебно признавање, тврди косовскиот премиер

Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави дека утре во Брисел ќе започнат преговорите меѓу Косово и Србија за меѓусебно признавање на двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку обjава на својата страница на Фејсбук, Хоти порача дека договор со Србија ќе се постигне единствено кога тој ќе се заокружи со меѓусебно признавање.

„Нема да има меѓудоговор или парцијален договор кој не го решава проблемот засекогаш. Ќе има само конечен договор за меѓусебно признавање, кој е систематски и во кој ќе бидат адресирани сите прашања кои треба да се решат меѓу две независни држави, врз основа на меѓународните конвенции, стандарди и практики за регулирање на односите меѓу две независни држави“, напиша Хоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разногласие: Каков договор и со кој потпишаа Србија и Косово

МИА/Фото: Фејсбук/Хоти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија: Осум рудари загинаа, над 20 повредени во екслозија на метан во рудникот Соко

Редакција

Напролет нови парламентарни избори во Бугарија, петти за две години

Редакција

На обвинетиот за железничката несреќа му се заканува доживотен затвор, 20 минути бил одговорен за за безбедноста на цела централна Грција

Редакција