еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Пендаровски се сретна со момчето кое во пожар го спаси соседот: Храброста и пожртвуваноста на Милетиќ заслужуваат огромно признание и восхит

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во тетовската населбата Колтук каде разговораше со Мартин Милетиќ, 25 годишник кој успеа да спаси од пожар негов 50 годишен сосед.

Пожарот се случи на 28 јануари, а при тоа 50 годишниот жител на Тетово доби изгореници.

-Подготвеноста да се ризикува својот живот за другите е карактеристика на хероите. Чест ми е што го запознав младиот херој Мартин Малетиќ, кој во неодамнешниот пожар во тетовската населба Колтук му го спаси животот на својот сосед.

Неговата храброст и пожртвуваност заслужуваат огромно признание и восхит, порача претседателот Пендаровски.

Младиот Мартин во петокот околу 19 часот во моментот кога видел дека огнот се разгорува, а неговиот сосед е се уште во куќата, тргнал да го спасува. Иако мајка му го одвраќала од намерата, тој продолжил порачувајќи дека или двајцата ќе излезат или никој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или двајцата ќе излеземе, или никој!”: 25-годишно момче го спасил соседот чијашто куќа изгоре во Тетово

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како дома да се лекуваат пациентите со полесни симптоми на корона вирусот

Редакција

Попладне локален дожд, од утре посвежо со повремени врнежи

Редакција

(Фото) Докторите и се поклонија на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

Редакција