еМагазин
Image default
Балкан

Хрватска има повеќе умрени од коронавирусот од Кина

Хрватска има повисока стапка на смртност од коронавирусот отколку Кина, која има 1,4 милијарди жители, може да се види според официјалните податоци објавени во двете земји.

Според податоците објавени вчера, во Кина досега официјално се регистрирани 88.454 инфекции со коронавирусот и 4.635 смртни случаи.

Во Хрватска, пак, до вчера беа регистрирани вкупно 225.128 заразени со коронавирусот и 4.655 смртни случаи, но денеска оваа бројка на смртни случаи е зголемена за нови 29 и сега изнесува 4.684.

Според порталот Индекс, Хрватска во моментов е единствената земја во регионот што ја надмина Кина според бројот на смртни случаи од коронавирусот. Но ова, наведува порталот, наскоро би можело да биде случај и со Босна и Херцеговина, која во моментов има 4.448 смртни случаи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ќе го укине роамингот за српските државјани

Редакција

Бојко Борисов поднесе оставка

Редакција

(Видео) Тројца патници загинаа, а 180 се повредени при излизгувањето на авионот на „Пегасус ерлајнс“ на истанбулската писта

Редакција