Хрватската Влада на денешната седница прогласи состојба на катастрофа во Сисачко-мославинската и Загребската жупанија, кои во вторникот беа погодени од силен земјотрес.
Состојбата на катастрофа ја прогласи премиерот Андреј Пленковиќ врз основа на информации за големината на штетата предизвикана од земјотресот.
Пленковиќ потсети дека денеска е точно една недела од првиот земјотрес што го погоди округот Сисак-Мославина и шест дена од разорниот земјотрес од 6,2 степени во кој животот го загубија седум лица.
Тој порача дека никој нема да остане сам во оваа катастрофа и дека државата ќе им даде помош и на помалите места.
Формиран е и штаб за справување со ситуацијата во разорената област, предводен од вицепремиерот и министер за одбрана, Томо Медвед.
Седницата започна со едноминутно молчење за осумте девојчиња и момчиња кои починаа на новогодишната ноќ во Посушје во БиХ, од труење со гас.
МИА/Фото: Црвен Крст на Македонија