еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, истакнал Вучиќ на средбата со Зеленски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска соопшти дека имал добар и отворен разговор во Атина со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и за целиот регион и светот.

„Добар и отворен разговор со претседателот Володимир Зеленски за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и за целиот регион и светот. Ги разгледавме настаните во Украина и Косово и уште еднаш истакнав дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, што јасно и недвосмислено го кажуваме од почетокот на конфликтот“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ се сретна со Зеленски во Атина, каде синоќа присуствуваше на неформална вечера за лидерите на Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И Зеленски на вечерата на лидерите на Западен Балкан во Атина

МИА/Фото: Вучиќ/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер во „црвено“ за најавениот полициски час

Редакција

Од утре нов прекин на железничкиот сообраќај

Редакција

Новиот крал на Обединетото Кралство ќе биде Чарлс Трети

Редакција