еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пад на вредноста на јавните набавки на општините за една третина, во Скопје дури за 68%

Центарот за граѓански комуникации ја објави Базата на податоци на тендерите на општините во 2022 година според која 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година вкупно склучиле 3.508 договори за јавни набавки во вредност од 7,3 милијарди денари, односно 118 милиони евра.

„Вредноста на јавните набавки на 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година е намалена за една третина, односно за 65 милиони евра во однос на 2021 година.

Кон овој пад најмногу придонесува големото намалување на вредноста на јавните набавки на Град Скопје, чии набавки во 2022 година се намалени за дури 68 %, односно за 31 милион евра во однос на 2021 година.

Намалувањето на вредноста на јавните набавки значи дека помал дел од буџетските пари се инвестирани во стоки, добра и услуги кои можеле да придонесат кон подобрување на условите за живот на граѓаните.

Единиците на локална самоуправа склучиле договори со 1.184 фирми, но четвртина од вкупната вредност на тендерите им припаднала само на 8 фирми. На врвот според вкупната вредност на договорите е снабдувачот со електрична енергија Енерџи деливери солушн, со вредност на договорите од 614 милиони денари, односно околу 10 милиони евра,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

78% од починатите од Ковид-19 од август лани до јануари годинава не биле вакцинирани

Редакција

Убиство во скопски Чаир

Редакција

Актуелните мерки за влез во Грција продолжени за уште една недела

Редакција