еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Демократскиот сојуз ќе ја повлече поддршката на Владата, ако го прифати францускиот предлог

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз во врска со францускиот предлог за решавање на спорот наметнат од Бугарија и деблокада на евроинтеграциските процеси смета дека: прво, Владата на Македонија да ја повлече согласноста за прифаќање на францускиот предлог, во кој на суптилен начин се вградуваат националистичките барања на Бугарија, а со Протоколот усогласен помеѓу претставници на двете влади детално се разработува имплементацијата на истата, информираат од партијата.

„Второ, ги повикуваме земјите членки на Европската унија, посебно Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, да стават вето но ставање на дневен ред на Преговарачка рамка во која се вградуваат националистички барања на Бугарија сврзани со идентитет, јазикот, историски и образовни прашања .

ЕУ треба да се држи до основните европски вредности и принципи и Копенхашките критериуми.

Трето, со оглед на фактот што претставници на Владата на Македонија директно беа вклучени во преговорите со Бугарија, бараме нивно повлекување (оставка) од функциите, посебно министрите за надворешни работи и евроинтеграции.

Четврто, Демократскиот сојуз е против францускиот предлог и ги повикува граѓаните своите ставови да ги искажат преку социјалните мрежи или со мирни протести, за да види Европската Унија дека овде има силен граѓански – народен отпор против загрозување на македонскиот национален идентитет.

Демократскиот сојуз ќе ја повлече поддршката на Владата доколку се согласи Преговарачката рамка да биде усвоена од Советот на Европската Унија“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОМ ќе ја напушти Владата ако се прифати „францускиот предлог“

Лидерот на ЛДП, Милевски најави дека ќе излезе од владината коалиција ако биде прифатен “францускиот предлог“

Фото: ДС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Половните возила ќе поскапат, Владата ќе ја зголеми акцизата

Редакција

Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип

Редакција

Кривичен ќе суди само притворски и предмети поврзани со загрозување на здравјето на граѓаните

Редакција