еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

И директорот на ЈСП Турс, Филип Василевски поднесе оставка оти е разочаран од Арсовска

И директорот на ЈСП Турс Скопје, Филип Василевски поднесе оставка.

“Како човек кој целиот свој живот го посветил на работа и кој има интегритет во работата, и како човек кој за исклучително кус период во работата на ЈСП Турс постигна исклучителни резултати со мојот тим сакам да кажам дека сум задоволен од тоа што го постигнавме со сопствени сили и ресурсите кои ги имавме на располагање.

За период од 6 месеци, успеавме неколкукратно да ги зголемиме приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедиме линеарно зголемување на платите за сите вработени.

Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со генералниот директор Александар Стојковски.

Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам“, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Јане Мицевски, директор на ЈП „Дрисла“, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Ѓоко Велковски, разрешениот секретар на Град Скопје

Каков имот пријавил Златко Перински, директорот на ЈП Водовод и канализација, кој е разрешен

Фото: Фејсбук/Василевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 21.000 загинати во Турција и Сирија, од земјотресот се проценува дека се погодени 23 милиони лица

Редакција

Детален преглед: 25 независни кандидати за градоначалник, 12 не успеале да соберат потписи

Редакција

Под прагот на сиромаштија во 2020 година живееле 451.900 граѓани

Редакција