еМагазин
Image default
Македонија

И Гоце Делчев ќе го славиме заедно со Бугарите?

На дводневната петта средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, што се одржа во Софија, била разгледана можноста за заедничко чествување и на Гоце Делчев.

На средбата што на 10 и 11. овој месец се одржа во Софија, биле разгледани неколку прашања од интерес на работата на Комисијата во согласност со Договорот за добрососедски односи помеѓу Македонија и Бугарија.

-На средбата Комисијата ги разгледуваше меѓусебно разменетите забелешки за бугарските учебници по историја за 5 клас и македонските учебници по историја за 6 одделение, односно за периодот на антиката. Притоа, Комисијата водеше дискусија во однос на одредени делови кои можат да се подобрат.

Во однос на ова прашање комисијата дополнително ќе достави предлог со конкретни препораки до соодветните влади и министерства.

Исто така, на средбата беше започната дебата за значењата на Гоце Делчев во двете држави и околу можностите за заедничко чествување на Гоце Делчев. Дискусијата по ова прашање ќе продолжи на следните средби, соопшти македонскиот тим при Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

На претходните средби, заедничката Комисија постигна согласност за препорака до владите на двете држави за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум, Цар Самоил и Григор Прличев.

-Работата на комисијата претставува дијалог во кој треба се слушаат гледиштата на двете страни, кои взаемно си укажуваат каде е потребно да има подетално и послоевито објаснување во учебниците по историја, а евентуалните препораки од комисијата се со единствена цел за подобрување на квалитетот на учебниците и регионалното помирување и разбирање, велат од македонскиот тим.

Светската практика, како што посочуваат, покажала дека комисиите по историја биле, и сé уште се, многу важен инструмент за надминување на ексклузивно националните визии на проблемите во историографијата, особено во делот на политичката историја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ ги утврди носителите на листите за шесте изборни единици

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Од Ковид-19 починало едно лице

Редакција