Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 04.04.2026 година во 20:40 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кичево го лишиле од слобода А.Б. од Кичево, затоа што со патничко возило „опел вектра“ со кичевски регистарски ознаки удрил во десетгодишник од Кичево.
-По преземени мерки, утврдено е и дека А.Б. го управувал возилото иако има активна заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од Б- категорија.
По насоки на јавен обвинител, возилото му е одземено и по документирање на случајот, ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од таму.
Фото: Unsplash














