еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

И Русите со двојно државјанство ќе може да бидат повикани во војска, Путин потпиша указ

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој им се овозможува на Русите со двојно државјанство да служат во вооружените сили на земјата, пишува Москоу Тајмс.

Изменетата регулатива сега значи дека оние кои имаат статус на постојан престој во странство може да бидат регрутирани во армијата. Граѓаните со двојно државјанство претходно беа ослободени од служење воен рок.

Во септември Путин нареди делумна мобилизација во Русија откако земјата се соочи со воени неуспеси во Украина и рече дека се потребни поголем број војници за да се добие војната не само против Украина, туку и против нејзините западни поддржувачи.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија ќе регрутира 300.000 резервисти за поддршка на нејзината воена кампања. Тоа беше прва мобилизација во Русија по Втората светска војна.

МИА/фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Пендаровски ги одликуваше Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов со Орден за заслуги

Редакција

Голем пораст на становите ставени под хипотека, најмногу во Скопје

Редакција

Ковид-19: САД одобрија тест на плунка, испробан во НБА

Редакција